Опис на обуката
Играта е дигитална верзија на вообичаена друштвена игра со коцки која им овозможува на двајца корисници да играат еден против друг.
Играта е во формат на познатата игра од типот „Змии и скали" каде што играчите фрлаат коцки, одговараат на прашања и прават избор за различни социјални ситуации. Содржината на играта им овозможува на играчите да имаат 30 минутна игра заедно, им овозможува да напредуваат преку социјални вештини идентификувани во наставната програма, одговарајќи на интерактивни прашања кои обезбедуваат последици во играта кои пак се фокусирани на реалните одлуки во животот и ефектите кои следат потоа. Играта го отсликува реалниот живот, во симулирана училишна средина, за да им овозможи на корисниците да носат погрешни одлуки во безбедна и сигурна средина. Играта, исто така, обезбедува и одговори на последиците од секој избор, добар или лош, што играчите го направиле."