Вовед
Проектот "TIPS" има за цел да создаде иновативни образовни алатки, за обучувачи и родители на деца со НСА (нарушувања од спектарот на аутизам), за тие да им помогнат на децата со аутизам да ги научат важните животни вештини преку користење на TIP (процедури за подучување на интеракција). Исто така во рамките на проектот се создадоа и две различни дигитални алатки. Се очекува обучувачите да се стекнат со теоретско и практично знаење за аутизмот и да се оспособат да планираат и спроведуваат активности за обука на родителите. Во 2009 година, Процедурата за подучување на интеракција (TIP) - систематски пакет за социјални вештини кој се состои од шест чекори (Phillips et al. 1974), за првпат емпириски е оценета како корисна за деца дијагностицирани со НСА (Leaf et al. 2009). Резултатите покажале дека примената на „TIP“ методот дава големи резултати во зголемувањето на стапката на совладување на социјалните вештини кај сите учесници, кои се поставуваат како цел при примената на овој метод. Проектот има за цел да ги научи родителите на децата со аутизам како да ги користат дигиталните алатки - дигиталната игра и дигиталенниот стрип - како наставна алатка за развој на социјални и животни вештини децата со аутизам. Двете дигитални алатки се засновани на докажаната процедура за подучување на интеракции. Целна група на проектот се деца со аутизам од ниво 1 и 2, и деца со Аспергер-ов синдром, кои се на возраст помеѓу 9 и 14 години.
Број на проектот: 2021-1-DK01-KA220-ADU-000033492
Прочитај повеќе