Код на проектот: 2021-1-DK01-KA220-ADU-000033492
Целта на проектот “TIPS” беше создавање на иновативни образовни алатки, за обучувачи и родители на деца со НСА (нарушувања од спектарот на аутизам), за тие да им помогнат на децата со аутизам да ги научат важните животни вештини преку користење на “TIP” (процедури за подучување на интеракција). Исто така во рамките на проектот се создадоа и две различни дигитални алатки. Oбучувачите стекнаа теоретско и практично знаење за аутизмот, а исто така стекнаа и способности да планираат и спроведуваат активности за обука на родителите.
Во 2009 година, Процедурата за подучување на интеракција (TIP) – систематски пакет за социјални вештини кој се состои од шест чекори (Phillips et al. 1974), за првпат емпириски е оценета како корисна за деца дијагностицирани со НСА (Leaf et al. 2009).
Во рамките на овие и други студии, TIP се покажа како ефикасна стратегија за работа со лица со дијагноза на НСА. Во овој контекст, проектот “TIPS“ имаше за цел да ги подобри животните и личните вештини на децата со аутизам и нивните семејства. Затоа, со оглед на тоа колку е важно учењето на социјалните и животните вештини од рана возраст, проектот “TIPS“ е наменет за родителите на децата со НСА и има свои цели.
Цели на проектот: Целта на проектот беше да се дизајнира, тестира и објави иновативен образовен пакет за едукатори на возрасни кој ќе води и поддржува обука за родители на деца со аутизам за тоа како да користат дигитални алатки – дигитална игра и дигитален стрип – како алатки за поттикнување и развој на социјалните и животните вештини на децата со аутизам. И двете дигитални алатки се изготвени врз основа на процедурата заснована на докази. Исто така, наша цел беше и обезбедување на курсеви за обука на едукаторите за тоа како ефективно да ги користат дигиталните алатки со деца со аутизам и да им ги овозможиме достапност на овие курсеви на родителите на деца со аутизам.
Програмата за социјални вештини се однесува на едукатори за возрасни и родители на деца со НСА. Ги содржи информациите неопходни за зголемување на вештините и компетенциите на обучувачите да ги едуцираат родителите за тоа како да го научат своето дете со НСА на важни животни вештини, врз основа на Процедурата за подучување на интеракција. Исто така, програмата има за цел личен и професионален развој на воспитувачите и родителите на деца со НСА, земајќи ги предвид:
а) предизвиците со кои се соочуваат малите деца со аутизам дома и во заедницата
б) животни вештини на малите деца со аутизам кои најчесто им недостасуваат (социјални вештини и вештини за комуникација)
в) отсуство на сеопфатни програми за обука кои ќе се фокусираат на професионален развој на воспитувачите за да ги обучат родителите за тоа како да користат методот за подучување на интеракција (TIP) за учење на социјалните вештини.
Оваа програма за обука има за цел да го премости јазот помеѓу теоријата и практиката, бидејќи практично ги воведува воспитувачите и родителите во овој метод и ги запознава со дигиталните алатки “TIPS“ проектот.
Вториот резултат на проектот е онлајн игра, која е развиена како дигитална верзија на типичната друштвена игра базирана на вртење на коцка, која им овозможува на двајца корисници да играат еден против друг.
Играта има формат на типична игра од типот „змии и скали“ каде играчите фрлаат коцки, одговараат на прашања и прават избор за различни социјални ситуации. Содржината на играта им овозможува на играчите да имаат 30-минутна игра меѓу себе и им овозможува да напредуваат низ неколку социјални вештини идентификувани во програмата со одговарање на интерактивни прашања кои обезбедуваат последици во играта кои се фокусирани на одлуки од реалниот живот и последователните ефекти.
Играта го отсликува реалниот живот, во симулирана училишна средина, за да им овозможи на корисниците да донесуваат погрешни одлуки во безбедна и сигурна средина. Играта исто така дава контекст и одговори на последиците од какви било избори што ги направиле играчите, добри или лоши.
Користени во комбинација со дигиталната игра, интерактивниот стрип служи како корисна алатка за родителите кои ја спроведуваат процедурата за подучување на интеракција со своите деца со аутизам. Интерактивниот стрип има форма на социјални приказни и содржи сценарија за социјални вештини идентификувани во програмата.
Со примена на игровни активности и елементи на раскажување приказни во процесот на учење, овој проектен резултат (ПР) има за цел да создаде суштински мотивирачки искуства за учење за лицата со аутизам и нивните родители. Ресурсите кои се достапни за различни уреди и веб-канали (различни прелистувачи, таблети и мобилни уреди) беа приоритет за конзорциумот, додека беше применет пристап кон дизајнот фокусиран на корисникот со цел да се идентификуваат проблемите со употребливоста, да се подобри корисничкото искуство на предложеното учење. Ресурсите за учење обезбедуваат разигран пристап за презентирање на предметот, истовремено обидувајќи се да ги задоволат потребите за учењето на целната публика.
Настанот за учење „Тренинг на тренери“ е работилница „лице в лице“, која беше ефикасен и продуктивен метод за пренос на знаење и разјаснување на важни прашања пред да се одржи вистинската обука во секоја земја.
Ден 1:
-Групни активности, активности за запознавање, дискусија за целите и содржината на обуката за обука PR1 (Наставна програма) ,презентација и дискусија за резултатите од анализата на потребите и презентација на наставната програма и краток вовед во процедурата за подучување на интеракции (TIP).
Ден 2:
-Разбирање на аутизмот
-Аутизам и социјалните вештини
-Како да се имплементира методот за подучување на интеракција во работата на развој на социјалните вештини
Ден 3:
– Користење на дигитални алатки за спроведување на TIP методот (методот за подучување на процедури за интеракција)
-Евалуација
-Завршни забелешки
На крајот од тренингот сите учесници добија сертификат за присуство.
По завршувањето на работилницата „тренинг на тренери“ сите партнери дадоа повратни информации за квалитетот на содржината и структурата на методологијата и наставната програма за обука (прашалник за евалуација беше администриран до сите партнери). Врз основа на овие коментари/повратни информации, беше развиена конечната верзија на пакетот за обука.
По завршувањето на првиот тренинг и после средување на материјалите во финална ерзија, беше организиран 3-дневен тренинг за обука за родители на деца со НСА (5 ученици од секоја земја + повеќе на локално ниво) кои беа обучени од веќе обучените обучувачи од првиот тренинг.
На овој начин обучувачите можеа да го имплементираат и практикуваат она што претходно го научиле. Затоа, Тренинг 2 беше и можност за обука не само за родителите туку и за обучувачите.
Целта на оваа тренинг активност беше да се обучат родителите на деца со аутизам за процедурата за подучување на интеракција и употребата на двете дигитални алатки развиени во рамките на проектот, со цел да се олеснат социјалните вештини кај нивното дете/деца со аутизам. Профилот на учесниците беа родители или старатели на деца од која било возраст кои се во спектарот на аутизам.
Обуката имаше двојна цел:
1. Да се развијат вештини кај присутните за подучување социјални вештини на нивните деца
2. Да се направи пилот-тестирање на изработените материјали со различна целна група
Агендата ги вклучуваше следните активности: Презентација на наставната програма: Вовед во аутизмот и социјалните вештини, како и во процедурата за подучување на интеракции и како да се користи. Запознавање на учесниците со платформата за е-учење и дигиталните алатки. Практични работилници: вежбање како да се имплементира овој метод преку користење на развиените дигитални алатки.
СТАТИИ 3
СТАТИИ 4
1-2 Ноември 2023
26-28 Септември 2023
4-6 Јули 2023
23-24 Ноември 2022